Новиот-стар шампион на Англија Манчестер Сити сака да ги комплетира сите три домашни трофеја (првиот, оној во Лига купот, го освои во февруари победувајќи го Челси во финалето). Секако, со оглед на тоа колку е вложено во оваа екипа домашната „триплета“ не би било никакво изненадување.

А Вотфорд во овој меч влегува како апсолутен аутсајдер, меѓутоа можеби токму во тоа е неговата предност, бидејќи момците на Хавиер Грасија немаат што да изгубат, а сигурно се мотивирани затоа што претходно не можеа да се пофалат со успеси. Меѓутоа, мотивацијата воглавно не е доволна да се соблада тимот од синиот Манчестер, а ни меѓусебниот биланс не влева оптимизам во редовите на „стршените“ – Сити ги доби нивните последните десет пресметки, додека Вотфорд е без триумф од април 1987.

Јасно ви е дека сме убедени во единицата, меѓутоа, квотата на неа е премала па не би било лошо да одберете комбинација со многу голови или голови на двете страни.

ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ- ПРЕДЛОЗИ

ШПАНИЈА 1 – Последно коло

ЕСПАЊОЛ – СОСИЕДАД

И едните, и другите ќе одат на победа која води во Лига Европа под услов Билбао да изгуби на гостувањето кај Севиља. Сосиедад нанижа три победи, а Еспањол осум кола без пораз и е во блага предност. Освен единицата ви сугерираме ГГ и ПГ2.

СЕВИЉА – БИЛБАО

На Севиља и е потребно чудо да заврши како четврта: Валенсија и Хетафе треба да изгубат, а таа да го победи Билбао. Ова е реално сценарио, посебно што традицијата вели дека ова е единица. Одиграјте тоа и засилете ја со комбинација со 2+.

АЛАВЕС – ЏИРОНА

Кога некоја екипа освои три од можни 27 бодови и не заслужува да се спаси во последен миг. Таков е случајот со Џирона, па иако Алавес речиси два месеци игра само затоа што мора единицата не е исклучена. Истото важи и за ГГ3+.

СЕЛТА – РАЈО ВАЉЕКАНО

Рајо испадна, а повеќето негови играчи немаат идеја каде ќе играат идната сезона. Во такви услови исходот не ги интересира и Селта може да смета на трите бода (со 3+), иако и е доволен и еден за да се извлече.

ФРАНЦИЈА 1

ЛИОН – КАЕН

Лион со две раце го прифати „подарокот“ од Монпеље во вид на победа над Сент Етјен, па се прошета низ Марсеј и сега со победа над „давеникот“ Каен ќе се најде во квалификациите за ЛШ. Гостите малку ја кренаа формата, меѓутоа 1&2+ е извесно.

МОНАКО – АМИЕН

Амиен, кој има два бода повеќе од Монако е наклонет на ремија и посакува уште една поделба на пленот. „Кнезовите“ одамна не победиле, а стравот од испаѓање и сега може да ги сопне. Ако сте храбри побарајте Х, во спротивно одиграјте 0-2.

ПСЖ – ДИЖОН

Претпоследниот Дижон изгуби девет од претходните 10 гостувања, но изненади во Лион. Сепак, би било премногу да го шокира и шампионот од кого има само порази, иако атмосферата во ПСЖ не е бајковита. Бирајте меѓу 1&4+, 1&ГГ и 2ВГ2+.

ТУЛУЗ – МАРСЕЈ

Марсеј остана без Европа, а неговите навивачи едвај избегнаа линч по 0:3 во дербито со Лион и не им е до фудбал. Ни Тулуз не блеска, меѓутоа триумф би му донел мирен сон и затоа вреди да се ризикува со единица, евентуално гаѓајте 1Х&0-3.

ГЕРМАНИЈА 1 – Последно коло

ХЕРТА – ЛЕВЕРКУЗЕН

Со оние 1:1 против Шалке, Леверкузен си ја загрози позицијата за ЛШ. По секоја цена мора да ја победи Херта и да се надева дека на „Борусија-парк“ нема да има кец за да влезе во групата од елитното европско натпреварување. Веруваме во двојка и 2&2+.

МАЈНЦ

ХОФЕНХАЈМ

Три кола без победа го чинеа Хофенхајм Лига на шампиони, а ниту победа над Мајнц не му гарантира место во Лига Европа. Во секој случај мора да оди на се или ништо, па ГГ3+ е извесно колку и двојката бидејќи Мајнц е ефикасен домаќин.

ВЕРДЕР – РБ ЛАЈПЦИГ

РБ Лајпциг од третото место ќе влезе во најсилното клупско натпреварување и овој меч ќе му послужи како тренинг за финалето на Купот со Баерн. Значи нема да запнува, а Вердер има шанси за ЛЕ и кецот не е исклучен, а вториот тип е КМБ 1Х&ГГ.

ВОЛФЗБУРГ – АУГЗБУРГ

„Волците“ од 2016. не играле на меѓународна сцена, но сега Лига Европа им е на дофат: потребна им е победа над опуштениот Аугзбург. Ако податокот дека двојките се најчести на меѓусебните дуели ве предомислува за кецот, размислете за ГГ.

РОМАНИЈА 1 – Плеј-оф (последно коло)

ЦС УНИВЕРЗИТАТЕА – ВИТОРУЛ

Домашните врзаа порази од двете првопласирани екипи, а доколку сакаат во Европа мораат да победат над ривалот кој им ги загрозува плановите. Од друга страна Виторул е мотивиран и се подготвува за финалето на Купот. Бираме единица.

РУСИЈА 1

ЦСКА МОСКВА – АХМАТ

ЦСКА нанижа три кола без победа и сега има уште само теоретски шанси да стигне до место во ЛШ, а загрозен му е и пласманот во ЛЕ затоа што во некој луд расплет Ахмет може да ја стигне. Но, нам кецот ни е најреален.

КРИЛА СОВЈЕТОВ – СПАРТАК МОСКВА

Крила се бори да не заврши во доигрувањето за опстанок (имаат три бода помалку од Динамо), а Спартак би сакал да ги замени момците од Краснодар на третото место. Квалитетот и формата се на страната на Спартак, а освен двојка очекуваме и 2-3.