Во последниот меч од тековната сезона во Шпанија, нашиот репрезентативец Енис Барди и неговиот клуб Леванте одиграа само нерешено со силниот ривал Атлетико (М). Откако во минатото коло обезбедија опастанок во Ла Лига, денеска се играше многу поопуштено.

 

Сепак, Леванте тргна одлично и во првиот дел направи разлика од 2:0 со головите на Кабако и Роџер. На почетокот на вториот дел гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Кореа, но тоа не ги спречи момците на Чоло Симеоне да се изборат за реми. Најпрво Хернандез погоди за 2:1, за Камело на 10 минути пред крајот да го постигне и израмнувачкиот гол за 2:2.

Леванте сезоната ќе ја заврши со 44 освоени бодови. Барди во тековната сезона постигна 3 гола и 4 реализирани асистенции.