Супер Дарко Чурлинов. Македонецот со гол во 89.минута му го донесе на Келн младинскиот Куп на Германија за играчи до 19 години. Тој во самиот финиш на финалниот меч со Баер Леверкузен, стрелаше прецизно во противничката мрежа за победа на Келн и за освојување на пехарот. Чурлинов е во форма, токму кога е најпотребно, во пресрет на квалификациските мечеви на нашата најдобра селекција против Полска и Австрија.