Фантастичниот Вил Клајбурн е најкорисниот кошаркар на Ф4 тунриот од Евролигата, кој вечерва заврши со осма шампионска титула за ЦСКА (М). Еден од најдобрите во составот на московјани во финалето, но и во полуфиналниот меч со Реал (М), сосема задлужено го доби ова ласкаво признание.