Боксерот Дионтеј Вајлдер ја одбрани титулата во тешка категорија во ВБЦ, откако ноќеска во Њујорк брутално и експресно го нокаутираше предизвикувачот Доминик Брезил во 137 секунда. Ова за Американецот беше 42 борба и 41 победа, има и едно реми.

Додека за поразениот Брезил, инаку негов сонардник, овој пораз беше само втор пораз во кариерата. По мечот Вајлдер најави дека сега посакува борба со Британците Фјури и Џошуа. Со првиот би имал реванш, додека со Џошуа би се борел за обединување на сите титули во тешка категорија.