На полувремето од претпоследното 35-то коло од Првата македонска фудбалска Лига, Вардар веќе има обезбедено триумф над Победа откако води со 4:0. Два гола на Попзлатанов, и по еден на Мицевски и на Колевски за убедливо водство на Вардарци над последнопласираниот и веќе испаднат тим на прилепчани.

Шкендија пред околу 6.000 публика со голот на Зејнулаи има предност над Академија Пандев со 1:0. Сепак, во Тетово се е подредено на шампионско славје и на прослава на третата титула во историјата.

Во битката за опстанок, Македонија ЃП има „златна“ предност од 2:0 над Силекс со головите на Тантуровски и на Кировски. Работнички води со 1:0 над Беласица во Струмица со гол на Ацковски, додека Шкупи има предност над Ренова на „Чаир“ со погодокот на Сержињо.