Реал Мадрид е екипата која го освои третото место на Ф4 турнирот во Евролигата, откако во малото финале со 94:75 славеше над Фенербахче.

Она што не успеја бранителот на титулата да го направи во полуфиналето, го стори во дуелот за бронзата. Од самиот старт Реал Мадрид го диктираше темпото на игра и иако тимот на Жељко Обрадовиќ се обидуваше да се спротивстави, наоѓаше начини како да го направи мечот интересен, особено во третата четвртина, сепак во решавачкиот период, дозволи серија од 0-23 на противникот и тоа значеше крај на сите надежи на турскиот тим.

Во победничкиот табор Густаво Ајон со дабл-дабл, 23 поени и 11 скокови беше најефикасен додека Фабиен Каузер со 13 поени, одосо Факундо Кампазо и Треј Томпкинс постигнаа 12 поени.

Костас Слукас со 17 поени беше прв стрелец за Фенербахче, следен од Мелих Махмутоглу со 17, односно Марко Гудуриќ со 11 поени.