Ристо Вуков – Рико имаше тотална доминација на првата автомобилска трка рамките на календарот на првенството на Македонија. Откако со своето „Југо Застава“ беше најбрз во двете квалификациски групи, денеска забележа победа на патеката Кичево 1 остварувајќи вкупно време 26:45.043 и речиси за 12 секунди беше побрз од најблискиот ривал Мијахло Лазаревски од тимот на „Кастом кар РТ“. Рико оствари и најбрз круг – 1:17.113.

„Ова беше само загревање за трката во шампионатот на Србија идниот викенд. Целта оваа сезона е титулата во Македонија и Србија, а плановите за идната сезона се трките во ТЦР шампионатот“, изјави Рико.