Големи се шансите ЕП во кошарка во 2021 година да биде организиран во Словенија, откако медиумите во таа земја открија дека тие ќе бидат домаќини на првенството кое ќе се игра за две години.

Словенија веќе беше организатор на ЕП во кошарка во 2013 година кога победи Франција, а инспекцијата на ФИБА потврди дека Словенија е подготвена да организира уште едно големо натпреварување.

Покрај Словенија, кандидатура имаат поднесено Чешка, Естонија, Грузија, Германија, Унгарија и Италија. Победникот ќе се знае во јули 2019 година.