Францускиот фудбалски судија Јоан Руанса на оригинален начин им се заблагодари на сите, откако го отсвири последниот меч во својата кариера. Руенса го водеше мечот од Лига 2 помеѓу Мец и Брест кој го добија домашните со 1:0.

Пред крајот на натпреварот, судијата ги повика сите играчи на центарот. Не знаејќи што се случува фудбалерите само го гледаа арбитарот кој извади спреј и на теренот напиша „Мерси“ или во превод „Благодарам“.

Фудбалерите почнаа да аплаудираат, а по нив истото го направија и луѓето на трибините.

45-годишниот Руанса е судија веќе 25 години, а има преку 600 официјални натпревари во кариерата.