Селекцијата на Холандија до 17 години е новиот-стар европски шампион откако денеска во финалето ја победија соодветната селекција на Италија со 4:2. Финалето се одигра на „Талагт“ стадионот во Даблин, а „лалињата“ блескаа. Уште попрвите 45 минути имаа огромна предност, Хансен, Банис и Матсен погодија за убедливи 3:0.

Во второто полувреме Италија преку Коломбо намали, но 15-годишниот Наџи Унувар даде гол за 4:1 со што е најмладиот стрелец на гол на У17 шампионатите. Коломбо во 89 минута ги постави конечните 4:2. На почетокот на второто полувреме во игра кај Италијанците влезе и Никола Секулов, несудениот македонски репрезентативец.

Холандија четврти пат станува европски шампион, а вторпат по ред. Триумфираше на ЕУРО 2011, 2012, 2018 и 2019. Со тоа се подмести на третата позиција на вечната листа на трофејни селекции. Зад неа е Германија со три, а пред неа се Португалија со шест односно Шпанија со девет.

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА ШАМПИОНАТОТ е францускиот репрезентативец Адил Учиче со девет голови.