Пред финалето на шпанскиот Куп против Валенсија, Барселона се соочува со низа проблеми кои може и тоа како да влијаат на резултатот на крајот.

Тренерот Ернесто Валверде речиси сигурно нема да смета на четирите играчи во нападот Луис Суарез, Филипе Кутињо, Осман Дембеле и Артур Мело.

Нелсон Семедо заработи повреда на главата за време на натпреварот со Еибар по што имал мал потрес на мозокот. Под знак прашалник е и голманот Марк Андре Тер-Штеген кој што има повреда на коленото и одмораше на дуелот со Еибар.