Сабиен Лилај (30), искусниот репрезентативец на Албанија и актуелен фудбалер на Габала, е една од трансферните приоритети на Шкендија  во летниот преоден рок. Нашиот шампион се подготвува за успешен настап во Европа, па затоа има намера да се засили со тројца екстра квалитетни играчи, офанзивец, играч за врска и дефанзвивец. Лилај е приоритетот број еден во средниот ред. Ова се наши неофицијални информации, челниците на Шкендија вчера потврдија дека имаат контакти со албански репрезентативци. Инаку не знаеме дали е издводливо токму Лилај да дојде во Шкендија, тој чини многу, сепак добра вест е дека него му истекува договорот со тимот од Азербејџан. Можеби овој најавен трансфер е само желба на Шкендија. Кога сме кај Лилај да кажеме дека тој има 17 настапи за репрезентација на Албанија, а има играно и за Скендербег, Кукс, Тирана, Локомотива Загреб.

 

БУБА ВО ШКЕНДИЈА, ДА, АМА ВО ЈУНИ 

Денеска наголемо се пишува дека Ферхан Буба Хасани, и оваа вест Шкендија ја потврди, би можел да се врати во Тетово. Се преземаат информации од ТВ, од портали, секој сака да биде ексклузивен. Е па драги читатели СПОРТМЕДИА уште на 22 февруари ја извести јавноста дека Буба се враќа во Шкендија во јуни, или барем има големи шанси тоа да се случи. Колку да се знае.