Фудбалска еуфорија во славното Крушево, конечно по долги години овој град доби второлигаш. Имено од следната сезона ФК Питу Гули ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, и тоа заедно со Беласица, Победа, Брегалница, можеби Тиквеш, Кит Го, Дојранско Езеро, Осогово и др. Вчера во последното коло од Централниот регион, екипата на Питу Гули на гости го победи тимот на Бабуна со 3:0, и со тоа не му дозволи на Превалец да го загрози првото место на табелата во овој регион. Следуваше голема радост на сите кај новиот второлигаш.