Тимот на Кул-Здравје е победник во Купот за помали петлиња. Во финалниот меч тие го совладаа тимот на Вардар со 2:1, односно по негативата успеаја да дојдат до победата и до трофејот.

Иако Вардар поведе уште во 2. Минута со голот на Јовановски, сепак, Кул успеа да направи пресврт. Најпрво Петрушевски во 27. минута донесе израмнување, а потоа во 78. минута Васиќ постигна гол за пресврт и за конечен триумф .

Инаку атмосферата беше одлична, финалето се играше пред 600 гледачи.

ПОМАЛИ ПЕТЛИЊА, ФИНАЛЕ НА КУП

ВАРДАР – КУЛ ЗДРАВЈЕ   1:2 (1:1)

Тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје.

Судија: Дејан Младеновски (Скопје).

Стрелци: Јовановски 2’ (В) – Петрушевски 27’, Васиќ 78’ (КЗ).

Ж. Картони: Серафимов, Величковски, Кулуковски (В) – Наков (КЗ).

ВАРДАР: Филевски, Јакимовски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Гаштаров, Лефковски, Кулуковски, Таневски, Цветков, Серафимов.

Уште играа: Илиевски, Антевски, Галевски.

КУЛ ЗДРАВЈЕ: Јосифов, Трајчевски, Митревски, Станкоски, Петрушевски, Бундалески, Наков, Богданоски, Блажевски, Васиќ, Цветановски.

Уште играа: Симоновски, Стефановиќ, Ацески, Стојаноски, Мутовиќ.