По повод прославата на новата, трета, титула првак на Македонија, синоќа ФК Шкендија организираше и ифтарска вечера по повод Рамазан. Покрај останатите говорници, се разбира дека главен беше Лазим Дестани, газдата на Шкендија, инаку прв човек на „Еколог“, фирмата која е спонзор на нашиот шампион. Покрај останатото Дестани им ја честита титулата на играчите и стручниот штаб, но и посака ова лето екипата да има поголем успех во Европа од последните три години, веројатно мислеше на пласман во групната фаза најмалку во ЛЕ.

Инаку на вечерата на присутните им се обратија и претседателот на клубот Висар Беџети, потоа капитенот Арменд Алими, тренерот Ќатип Османи, секако и специјалниот гостин Лорик Цана. Покрај раководството, стручниот штаб, играчите, пријатели на клубот, на ифтарската вечера беа и градоначалничката на Тетово Теута Арифи, познати политичати, стопанственици како и претставници на медиумите.