Шкендија веќе е првак и јасно е дека ќе ја претставува земјата во квалификациите за Лигата на шампионите. Во 1. квалификациско коло Шкендија може да има многу лесна задача, но може да има и незгодна доколку налета на пример на Ференцварош или на Сараево, Клуж… Меѓутоа во 2. квалификациско коло тетовци ги чека далеку посилен ривал. Така нап пример еден од нив е шкотски Селтик, потоа Динамо Загреб, Црвена Звезда, Копенхаген, Лудогорец, екипи кои што често играат во групната фаза од најсилните европски натпреварувања.

Еве ги можните противници на Шкендија во 1. и 2. квалификациско коло од ЛШ.

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА ВО 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО: Ференцварош (Унгарија), Калју Номе (Естонија), Валур (Исланд), Линфилд (С. Ирска), Торшавн (Ф. Острови), Сабуртало (Грузија), Рига (Летонија), Сараево (БИХ), Клуж (Романија), Пјаст (Полска), Сутјеска (Ц. Гора), Валета (Малта), Партизани (Албанија), Судува (Литванија), првакот на Ерменија, победник од претквалификациите во кои учествуваат шампионите на Ерменија, Андора, Сан Марино и Косово.

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА ВО 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО: АПОЕЛ (Кипар), Селтик (Шкотска), Динамо Загреб (Хрватска)*, Копенхаген (Данска)*, БАТЕ Борисов (Белорусија), Астана (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Марибор (Словенија), Црвена Звезда (Србија), Лудогорец (Бугарија).

*-се вклучуваат директно во второто квалификациско коло