Италијанскиот фудбалски клуб Рома, сепак, ќе му понуди на легендарниот капитен Франческо Тоти улога на технички директор во клубот, пишува угледниот италијански весник „Кориере дело Спорт“.

Според изданието Тоти ќе има поголема одговорност и ќе се прашува околу играчкиот кадар и засилувањата.Рома бара од Тоти да го намали маркетиншките активности ширум светот и потполно да се посвети на клубот.

Интересно, оваа информација доаѓа само неколку денови откако навивачите излегоа на протести поради потезите на управата да ги „избрка“ двете легенди на клубот Тоти и Даниеле де Роси. Тоти беше предвреме пензиониран, а иако му ветија веднаш директорска функција не го исполнија тоа, а на Де Роси не му беше понуден нов договор.

Тоти кратко беше во клубот како помошник на спортскиот директор Рамон Мончи, на откако тој се врати во Севиља „Принцот на Рим“ остана без ангажман.

„Технички директор во Рома? Ќе видиме, се уште не знам ништо околу тоа“, беше коментарот на „Принцот на Рим“ околу информациите на „Кориере дело Спорт“.