Српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ се најде на удар на руската јавност откако одбил да направи допинг тест по мечот меѓу Зенит и Динамо Москва. Руските медиуми пренесуваат приказна за инцидент кој се случил кога допинг контролата сакала да го тестира дефанзивецот на Зенит по споменатиот меч барајќи урина за тестирање, тој бил толку бесен што ги избркал претставниците на Антидопинг комисијата од тоалетот.

Караницата траела околу еден час, а завршила со тоа што српскиот фудбалер прифатил да се тестира и резултатите биле негативни што е потврда дека искусниот српски фудбалер не користи недозволени средства.

Сепак, од РУСАДА на фудбалерот на Зенит му испратиле писмо во кое во предупредуваат на однесувањето и дека наредниот ваков испад ќе го санкционираат. Ивановиќ во разговор со нив реагирал бурно затоа што токму тој постојано е тестиран за допинг.

Само пред неколку денови фудбалерот на рускиот Авангард, Димитри Коробов бил позитивен на тестирањето на надозволени средства. Токму поради тоа РУСАДА презела построги и поопширни контроли на фудбалерите.