По вчерашното финале во М14 конкуренцијата меѓу Дино Бакет и Работнички (87-75) денеска во јавноста излегоа информации дека победникот, тимот од Кочани во составот имал двајца кошаркари кои играле со лажни лиценци, односно биле постари.

Според делегатот на овој меч, Антониот Теофиловски Дино Бакер приложил и фотокопија од пасош за кошаркарите кои биле сомнителни. По завршување на мечот Работнички поднел жалба, па случај е во рацете на комесарот за натпреварување, Сречко Хорват.

Доколку се потврди дека двајцата играчи не се спорни, титулата останува во Кочани, во спротивно ќе има казни на за овој тим и секако пехарот ќе биде доделен на тимот од „Градски парк“.