Неколку интересни натпревари се одиграа во 35. коло. Посебно внимание привлече оној во Тетово каде Шкендија со 4:1 успеа да ја победи Академија Пандев. Младиот играч за врска Арбин Зејнулаи блескаше и не само поради двата гола, не само прекрасниот прв гол туку и поради начинот на кој тој се снајде покрај Агим, Радески, Жуниор, Муслиу и другите. Покрај Зејнулаи во тимот на колото е и Жуниор, потоа од Работнички тука се Ацковски, Херера, Димитровски и Стојчевски, од Вардар Брдаровски и Попзлатанов, од Македонија ЃП во тимот се Тантуровски и Јовановски а од Шкупи стрелецот на супер голот Устабаши.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АРБИН ЗЕЈНУЛАИ

Тим: Шкендија

Роден: 15.02.1999

Кариера: Шкендија