Ако не потпишат нови договори тогаш Арсенал има намера ова лето да продаде дел од своите најдобри фудбалери и тоа Пјер-Емерик Обамејанг, Месуд Озил, Хенрик Мкхтаријан и други. Како што велат челниците на клубот од Лондон, тие веќе немаат намера да ја повторат грешката со Арон Ремзи кој како слободен играч и без пари го напушти „Емирејтс“ и се пресели во Јувентус. Имено Арсенал има намера да ја менува клупската политика. Ако еден играч, па макар кој и да е, му останува од договорот уште година или две, ќе добие понуда да потпише нов, односно истиот да го продолжи. Во случај тоа да го одбие веднаш ќе биде продаден со цел колку толку да се пополни клупската каса.