Откако Френки де Јонг потпиша за Барселона, а де Лигт е близу до договор, Ајакс ќе остане без уште еден играч.

Според „Daily Mail“, Тотенхем сериозно „загриза“ за Ван де Бек, кој на 57 меча постигна 17 гола и беше асистент на 13. Спарси ова лето може да останат без Ериксен, па во 22-годишниот фудбалер гледаат одлична замена.

Најголем проблем за реализација на трансферот може да биде оштетата која Ајакс ја бара, а неофицијално таа изнесува 50 милиони евра. Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви е доста штедлив, но ќе мора да инвестира ова лето, откако на претходните два преодни рока не купи ништо.

Покрај проблемот со високата цена, англискиот тим доби конкуренција за Ван де Бек, Баерн Минхен застана во редот за него. Бундес-лигашот планира да направи промени во составот за следната сезона, а Холанѓанецот одлично се совпаѓа во нивните планови.