По пласманот на Струга Трим Лум и Борец и тоа директно, во елитната лига на Македонија за следната сезона, останува уште едно место. А за тоа место ќе се играат два бараж меча.

Првиот ќе се игра меѓу Тиквеш и Лабуништа, тие се второпласирани во двете втори лиги и тоа на 2 јуни. Победникот од овој меч на 5 јуни, ќе игра најверојатно со Силекс, тоа ќе биде решавачкиот меч за тоа која екипа во следната 2018/2019 сезона ќе игра во Првата лига на Македонија. Кога сме кај нашата Прва и двете втори лиги, да споменеме дека претстојниот викенд се играат последните кола и со тоа завршува и официјално сезоната 2018/2019.