Последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, кој македонската ракометна репрезентација треба да го одигра против репрезентацијата на Грција и дефинитивно нема да го игра во Скопје. Како што и претходно се шпекулираше, градот домаќин на натпреварот со јужниот сосед ќе биде Струмица.

Натпреварот ќе биде закажан на 16 јуни со почеток од 18 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Овој меч ќе биде важен за нашиот национален тим, затоа што преку него треба да го потврдиме првото местоо и пласманот на самитот на најдобрите европски репрезентации. Македонија на оваа средба треба и да им се реваншира на Грците за поразот на првиот дуел во Кожани.