Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, потпиша нов договор со клубот. Веста ја потврдија од раководството на „сините“ од Лондон. Новиот договор на 32-годишниот Французин ќе биде до крајот на сезоната 2019/20.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор, навистина сакав да останам уште уште една година”, изјавил Жиру.

„Се чувствував дел од тимот уште од почетокот и се надевам дека ќе има уште трофеи што ќе дојдат“, дополнил тој.