Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е прогласен за играч на сезоната на Кипар. Тој имаше фантастична сезона, беше еден од најдобрите стрелци, стана клупски стрелец број 1 во историјата, а беше најзаслужен што тимот обезбеди учество во групната фаза од Лигата на Европа.

Синоќа на свечена церемонија на прогласувањето на најдобрите во кипарскиот шампионат, Тричковски ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во шампионатот во избор на тренерите во најсилната кипарска лига. Претходно, нашиот напаѓач беше избран за најдобар играч на АЕК за сезоната 2018/19 од страна на колегите.