Фудбалерите на Падерборн изборија историски пласман во Бундеслигата следната сезона, но освен своите, имаат и херои и од противничките екипи. Во последното коло од тековната сезона во неделата, Падерборн загуби на гостувањето во Дрезден кај Динамо со 3:1 и со тоа му даде голема шанса на Унион Берлин со победа да им го преземе 2. место на табелата, а со тоа и директниот пласман во елитата.

Но, за тоа да не се случи, падерборн на своја страна го имаше неверојатниот голман на Бохум, Мануел Риман, кој е главниот виновник што Унион Берлин не успеа да слави со 3:2. Риман со брилјантните интервенции го одржа својот тим на 2:2, а на Унион Берлин не му дозволи да го помине Падерборн на 2. место на табелата. Во чест на Риман и неговата помош, навивачите на Падерборн облечени во дресот на голманот на Бохум дојдоа на прославата на пласманот во Бундеслигата. Интересно е што дел од екипата која замина на Марбеља имала можност да се сретне со Риман лично, кој исто така е заминат на одмор во Шпанија, и секако да го почести по некој пилајок.