Челзи, сепак, ќе мора да му ја покрие комплетната плата на Антонио Конте за последните 12 месеци од договорот кој го имаше со лондонските „сини“. Сумата изнесува 9 милиони фунти.

Италијанскиот стручњак, кој ја освои шампионска титула и ФА Купот во текот на двете сезони на чело на лондонскиот клуб, беше отпуштен во текот на летото 2018-та, иако токму со него на чело почнаа летните подготовки. Оттогаш, па се досега Конте и Челзи се обидуваа да се договорат во врска со начинот на кој да завршат нивните односи. Стратегот настојуваше да ги добие сите плати за последните 12 месеци од договорот, додека “сините” од Лондон се обидуваа на секакви потфати, за да избегнат вакво плаќање.

Сепак, тричлениот трибунал пресуди во корист на Конте како тужител, а денеска уште еднаш е потврдена конечната одлука која го обврзува Челзи да му плати на Италијанецот 9 милиони фунти.