Еден од најдобрите српски ракометари во последната деценија, Момир Илиќ, денеска и официјално реши да ја заврши својата богата играчка кариера. 38-годишниот, сега веќе екс-ракометар на унгарски Веспрем, и во иднина останува во својот досегашен клуб, но се сели на клупата како асистент на првиот тренер, Давид Дејвис.

Одличниот лев бек на српската репрезентација во последните 6 години го носеше дресот на Веспрем, а претходно беше еден од најдобрите европски ракометари во составот на Гумерзбах и Кил во Германија. Во времето кога беше во Кил успеа двапати да стане европски шампион.