Борусија Дортмунд денеска го престави Нико Шулц за свој нов фудбалер. Фудбалерот на Хофенхајм за сума од 27 милиони евра, се пресели во таборот на „милионерите“.

Следниот од нив ќе биде големиот фудбалски потенцијал Јулијан Брант од Баер Леверкузен. Според информации од Германија, тој веќе им соопштил на своите соиграчи дека оди во Дортмунд. Брант е од најновата генерација на германски репрезентативци.

После него во Дортмунд треба да „слета“ и Торган Азар кој што е веќе договорен со „жолто-црните“.

Од друга страна, пак, заминување од Дортмунд најави Гереро кој е пред трансфер во Манчестер Сити, а многу веројатно е дека ќе замине и Абду Диало кој ќе оди во ПСЖ. Шмелцер веќе го напушти тимот, исто како и Пулишиќ кој се пресели во Челзи.