Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, денеска на прес-конференција го обелодени списокот од 23 играчи на кои ќе смета на Копа Америка. На листата на Скалони не се најде „проблематичниот“ Мауро Икарди од Интер, кој според информациите, не се најде во изборот поради долго отсуство.

Во комплетниот избор на Скалони се веќе проверени имиња, предводени од најголемата ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси.