Екипата на Роскилде која се натпреварува во Втората лига на Данска се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност поради наводно местење на натпревар(и). Тренерот на оваа екипа Кристијан Лонструп е суспендиран на неопределено време, а неколку играчи се под истрага на Фудбалската федерација на Данска.

Луѓе од ФФ на Данска упаднале во просториите на клубот и, според „Екстра Бладет“ побарале да им биде кажано кои фудбалери имаат акаунти за обложување како и да имаат увид врз сметките како на фудбалерите, нивните партнери и партнерки и потесниот круг од семејството.

Асоцијата на фудбалери излезе со реакција.

Не можат докажат, а се најдоа во небрано, па почнаа да чепкаат по приватноста на фудбалерите. Тоа не е нормално и мора да се прекине“, изјави директорот на Асоцијацијата Мадс Олсен.

Откако наидоа на жесток протест се повлекоа, но не се откажуваат – продолжува истрагата, следење на сите активности на фудбалерите како и „чешлање“ на нивните претходни натпревари.

Под лупа е мечот на Роскилде против Лингби минатата недела кој го загуби со 1:2 на сомнителен начин.