Погодокот на играчот од средниот ред на Кристал Палас,  Андрос Таунсенд, на менчот со Манчестер Сити е прогласен за најдобар гол во штотуку завршената сезона 2018/19 од англиската Премиер лига.

Станува збор за гол на мечот со Сити одигран во декември минатата година во Манчестер. Средбата заврши со резултат 3:2 за гостите, а еден од головите за победата бше и овој феноменален гол на Таунсенд.