Се поизвесно е дека Маурицио Почетино после финалето од Лигата на шампионите ќе има нов клуб. Аргентинецот им дал дозвола на своите менаџери да преговараат со други клубови, но секој кој ќе сака да го види на клупата, ќе мора да издвои 40 милиони евра.

Таа сума ќе ја плати најверојатно Јувентус. Тимот од Торино ќе биде без тренер откако се разделија со Алегри, а во Почетино е најидеалната замена. Иако се споменуваше Симоне Инзаги, Дидиер Дешамп, Антонио Конте, сепак, од Јувентус размислуваат на опцијата Почетино, и да му платат на финалистот од ЛШ 40 милиони евра.

Според најновите информација Почетино соопштил на управата дека може да си замине, ако добие примамлива понуда од друг клуб.