Ракометарите на Вардар по победата над Еурофарм Работник од 36:29 денеска по 13. пат ја освои домашната шампионска круна и со тоа направи рекорд кој ќе биде тешко достижен во следните години. Овој европски Вардар кој за само две недели го чека битка за европскиот трон имаше можност да направи „генерална проба“ со кревањето на овој шампионски пехар.