Италијанскиот тв-гигант „Скај Спорт Италија“ објави вест дека српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе ги имал првите лични разговори со луѓе на италијанскиот шаммпион Јувентус за можен трансфер ова лето.

Како што тврди телевизијата, агентот на Србинот во последниве два дена неколкупати комуницирал со луѓе на Јувентус. Начелно, Сергеј се согласил на понудата на Јувентус, но сега доаѓа најтешкиот дел – Лацио. Римскиот тим не е најрасположен за лесна разделба со Милинковиќ-Савиќ, па сигурно ќе бара поголема сума на пари како негова отштета. Србинот има договор со „римските орли“ до јуни 2023 година, а според анализите неговата моментална цена на трансфер пазарот е околу 77 милиони евра.