Сопственикот на А. Пандев, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев многу жали што не може да биде вечерва во Скопје на финалето од Купот, но затоа од Италија преку СПОРТМЕДИА им порача на своите во клубот.

„Ова е голем настан за сите нас во клубот, жалам што не можам да бидам со играчите, но ете имам премногу обврски со Џенова. Им порачувам на играчите и на стручниот штаб дека вечерва играат за историја на клубот. Секако дека премија ќе има, награда за освојување на трофејот ќе има, но таа треба да биде во втор план. Ретко се играат вакви мечеви, ретко добиваш шанса да играш едно вакво финале. Секако дека ќе стискам палци за „пандевци“, им посакувам многу среќа, им посакувам добар натпревар и секако да го донесат пехарот во Струмица. Освојување на трофејот во Купот ќе биде круна на оваа навистина прекрасна сезона за сите нас во А. Пандев, посебно ако се знае дека изборивме настап во Европа“ истакна сопственикот на А. Пандев.