Додека трае агонијата околу иднината на Вардар и чекаме да заврши фајнл-фор завршницата во Келн за да конечно биде познато каков ќе биде составот на „црвено-црните“ следната сезона, во јавноста и натаму се прераскажува оној момент кога Сергеј Самсоненко им соопштил на момците дека крева раце од овој скап, но успешен проект.

Тимур Дибиров беше гостин во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, рускиот интернационалец изворно пренесува каква била нивната реакција и како успеале да се соберат и да го добијат оној четвртфинален дуел со Пик Сегед.

„Бевме мртви“, вели крилото..