Фудбалерите на Локомотив од Москва се годинешните освојувачи на рускиот Куп. Во финалниот меч одигран денеска во Самара, Локомотив славеше минимално со 1:0 против екипата на Урал и успеа по десеттипат да дојде до престижниот трофеј.

„Железничарите“ славеа благодарение на голот на Дмитри Баранов, кој уште во 27. минута го отвори резултатот. Овој гол на крајот се покажа и како клучен за победата на Локомотив.

Интересно е што за Локомотив ова е три куп освоен само во последните 5 години.