Познати се официјалните состави за финалниот меч во Купот на Македонија помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев. Поради болест, капитенот Остоја Стјепановиќ ќе го нема кај „лавовите“.

„Академците“, пак, старуваат без искусниот Шиков кој ќе чека шанса од клупата, а ќе го нема ниту Марио Крстовски кој исто така се најде на резервната клупа.