По петти пат во својата историја, екипата на Ријека е освојувач на хрватскот фудбалски куп. Во денешното финале во Пула, Ријека го надигра шампионот Динамо Загреб го совлада со 3:1 исо тоа успеа да му го одземе трофејот кој беше во сопственост на „модрите“ во изминатите 365 дена.

Момците на тренерот Бишчан се чини многу повеќе ја посакуваа победата, па стартот на мечот тоа и го потврди. Ријека поведе со голот на Чолак уште по 13 минути игра, за до крајот на првиот дел и да ја удвои предноста со голот на Халиловиќ во 39. минута.

 

Динамо (З) предводен од нашиот репрезентативец Адеми, имаше гол за надеж во 63. минута, кога Орсиќ успеа да намали на 2:1. Загрепчани ја пропуштија најголемата шанса за израмнување во 73. минута, кога добија пенал, но Олмо не успеа да го совлада противничкиот голман. Казната ја испорача Кврзиќ на 6 минути пред крајот на мечот за конечни 3:1.

 

За Ријека ова е петти куп трофеј, откако последниот го освоија во 2017 година. Во составот на Ријека денеска не беа нашите интернационалци Дарко Велковски и Милан Ристовски.