Академија Пандев вечерва ќе игра за себе, за својата клупска историја, за првиот трофеј да го донесе во Струмица, но „пандевци“ несакајќи ќе играат и за Работнички и Шкупи, екипи кои се надеваат дека ќе излезат во Европа. А, математиките се јасни. Ако Македонија ЃП го освои пехарот тогаш таа оди во квалификациите во ЛЕ. Затоа Работнички кој сега е четврти со 46 бодови и Шкупи кој е петти со бод помалку, ќе навиваат за А. Пандев. Во случај струмичани да победат тогаш во недела на Арената домашниот Работнички и Шкупи во директна битка ќе решаваат за тоа кој ќе игра во Европа.