Во денови на очајното ниво на женската кошарка во Македонија доаѓаат убави најави. Спортмедиа одлучи да им даде простор токму на онаа светла точка, а тоа е иднината, која пак и не е толку црна. Дека нивото може да биде барем две скалила погоре дојде потврда од Валенсија каде Марија Димитријевиќ и Ана Цветковска ја играат завршницата во конкренцијата до 16 години.

Македонските кадетски репрезентативки и Промете ја минаа групната фаза во битката за трофејот, го добија дуелот со Адевара Тенерифе (74-67) за сензација во Валенсија.

Димитријевиќ беше креатор на 12 поени и 7 скока, додека Цветковска 13 поени и 3 скока.