Како што дознаваме, Брегалница се раздели со тренерот Зоран Штерјовски, односно го раскинала договорот со стратегот од Битола. Стратег кој во зимскот преоден рок беше доведен како тренер кој ќе ги однесе штипските „сини“ во Првата лига. Брегалница не само што не заврши на првото место, туку не обезбеди ниту бараж за дополнителна шанса за пласман во елитата. Познато е дека Брегалница секогаш има најголеми амбиции, па така во следната сезона ќе тргне во офанзива кон елитата, но секако со нов тренер.