Големи се шансите Мирко Ивановски за некој ден да мора да го напушти Хајдук и тоа по само една сезона мината меѓу храватскиот гигант. Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, раководството на сплиќаните има намера на седумина играчи да им се заблагодари, на дел од нив и договорите им истекуваат. Мешу нив е и нашиот напаѓач Мирко Ивановски кој дојде минатото лето, тогаш беше најавуван како големо засилување, но ретко добиваше шанса, имаше одреден период и проблеми со повредите. Па така Ивановски ни одалеку на ги оправда очекувањата.