Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 2:2, а по продолженијата резултатот не се менуваше, а во пенал рулетот Академија Пандев славеше со 4:2. Голманот Чубраковиќ одбрани два пенали, а решавачкиот пенал го изведе Стојанчо Велинов и погоди за огромна еуфорија кај струмичкиот тим. Струмица го слави првиот трофеј од Купот.