Шкендија го договори првото летно засилување. Тоа е Анди Лила, репрезентативецот на Албанија, кој има 68 настапи за својата селекција. Како што велат нашите информации раководството на нашиот шампион се договорило со искусниот албански дефанзивец и тој треба да биде од голема помош во настапите во Европа. Лила има 33 години, може да игра и како десен бек, но може да игра и во средниот ред како последен играч за врска. Новиот член на Шкендија досега играше за Јанина, претходно за Парма, Каваја, Ираклис, Тирана и други клубови.