Карло Анчелоти ќе остане на кормилото на Наполи и следната сезона. Веста ја потврдија клупски извори за весникот „Газета дело Спорт“.

Во следните денови се очекува Наполи официјално да го објави продолжувањето на договорот на Анчелоти до летото 2021 година. Искусниот стратег го предводеше Наполи оваа сезона, откако го наследи Маурицио Сари. Наполи завршува како втор во Серија А, а Анчелоти и следната сезона ќе се обиде да го донесе тимот од Неапол до титулата. 

Во последниве денови се појави шпекулации дека Анчелоти може да биде заменет од Масимилиано Алегри, но информацијата денеска беше демантирана.