Иако се градски ривали на теренот, надвор од него се чини дека функционираат како едно. Беласица на својот официјален „Фејсбук“ профил го честиташе освоениот Куп на Академија Пандев. Воедно струмичкиот клуб им посака среќа на женските тимови Тиверија и Џио во битките за титулата.